Соопштение на СДСМ:

Стратегијата на ДПМНЕ е целосно разоткриена.

Договорени се мигранти за пари во јуни а народот дозна за тоа преку британските медиуми и гласно кажува дека тоа нема да го дозволи.

На Владата на Мицкоски буквално и гори под нозе.

Во буџетот нема пари, дупката е 1 милијарда евра, нема пари за плати, пензии, за исплаќање на социјална помош, за породилно, нема пари ниту за поврат на пари за ДДВ.

Финансиската состојба е катастрофална.

СДСМ целосно го разоткри системот на кујните на ДПМНЕ кои се задолжени да го пренасочуваат вниманието на граѓаните од темата со мигрантите, од немањето пари, од криминалните скандали на власта.

По информациите објавени во медиумите дека Катица Јанева е условно пуштена од Идризово ќе разоткриеме уште едно смислено сценарио од стратегијата на ДПМНЕ.

Пуштањето на Катица Јанева има скриена цел. Суштината на ова смислено сценарио кое се подготвува е Јанева да биде алатка на ДПМНЕ во нивната црна кампања и нападите на СДСМ, претседателот Филипче и на опозицијата.

Кујните на ДМНЕ мора да добијат нов материјал затоа што темата со мигрантите стана национална.

Кривичните пријави и политичкиот прогон, лажните вести и манипулациите, нападите на медиумите и спроведувањето на српското сценарио во Македонија не се доволни, власта ја губи контролата и мора да ги засили нападите.

Како? Исто така по српски рецепти. Како Дијана Хркаловиќ во Србија, копи-пејст медиумска стратегија.

Кучињата лаат караванот си врви.

Многу скоро после Нова Година ќе ја видиме Катица Јанева, во иста улога како што сега го гледаме Боки 13, како оди по емисии на владините медиуми, по поткасти и по порталите од кујните на ДПМНЕ.

Следен чекор избори на пролет а потоа мигранти во јуни!

Следиме сè и знаеме сè, разоткриени сте!