-Власта го пушти Груби слободно да ја премине границата, за што постојат основани сомнежи дека станува збор за договор меѓу ДПМНЕ и ДУИ. Бројните пропусти се само потврда за ова. Од дојавата дека е поднесена кривична пријава, преку поставување на мобилна патрола без никаква информација па се до поминувањето преку греничниот премин Блаце без проверка, дозволено од страна на лицето БЈ назначен од Тошковски, велат од СДСМ.
-Фатена во овој голем скандал власта прво се обиде кај батериите на камерите да ја префрли вината а сега лицитира каде се наоѓа Груби, дали е во Косово или Албанија. Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци. Владините функционери наместо да лицитираат треба да понесат одговорност. За бегството на Груби, односно пуштањето надвор од границите на државата Тошковски веќе требаше да си поднесе оставка, се вели во соопштението на СДСМ.