Прес конференција на СДСМ, Потпретседателка Јована Тренчевска:

Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор!

Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.

ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата.
Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот -мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.
Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството.

Цензура против предавствата на власта.

Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим.

СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните.

Најавувам, ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.

Предавничката Резолуција е спротивна на УСТАВОТ во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна.

Понатаму, ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа.

Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Борбата продолжува.