Соопштение на СДСМ:
Христијан Мицкоски изјави дека очекува добри односи со Србија и по победата на студентската листа.
Како?
Како да има добри односи со студентите што се бореа против неговиот шеф?
Против Александар Вучиќ, менторот, диригентот и газдата на македонската банда.
Студентите се побунија против корупцијата што доведе до смрт на 16 луѓе на железничката станица во Нови Сад. На Мицкоски му се случи Кочани поради корупција. Истата матрица.
Како да има добри односи со студентите кога е дел од балканскиот картел? Кога е дел од Вучиќевата криминална мрежа на Балканот? Кога е дел од Орбан-Вучиќевата мрежа што се распаѓа, делче по делче?
Како, кога ја донесе Вучиќевата банка во Македонија? Алта банка, што Европската централна банка ја запре, што има забрана во Црна Гора, што е под истрага за сомнително потекло на капитал и што врши трансфери кон Москва. Банка чиј сопственик, Давор Мацура, до пред неколку години сопственик на менувачница, има барање за американски санкции врз него. Банка за која се смета дека е поврзана со семејството Вучиќ.
Мицкоски ја пумпа касата преку јавните претпријатија и министерствата право во таа банка. Тоа не се добри односи. Тоа е врска.
Како, кога ја донесе Ало групацијата и Информер во Македонија? Вучиќевата пропагандна машинерија. Медиумите што го нарекуваа својот народ „усташи“ и „терористи“, што ја нарекуваа студентската листа „силувачко-секташка“, што со години ја хранеа омразата. Латас и Ивона Талевска се пандан на Вучиќевиќ и Митровиќ.
Истиот метод. Истиот газда.
Како, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите на студентите, а во тоа време Мицкоски со него пиеше вино?
Како, кога навивачи, хулигани и криминалци Вучиќ праќаше против тие исти деца, а Мицкоски го зеде Адамовиќ од таа група да му биде партнер за струја, броила и да биде конзул на нашата земја?
Како?
Како, кога организираше митинг против студентите во Куманово? Како, кога неговиот министер е дел од БИА групата што ги апсеше студентите? Како, кога праќаше луѓе во Белград на митинг на Вучиќ и со него издаваше српски пасоши?
Како кога студентите се бореа против корупцијата, а Мицкоски ја градеше како систем?
Кога народот во Србија ја враќа државата во свои раце, а Мицкоски ја држи сопствената држава како плен?
Добри односи со студентите не се градат така. Се градат со тоа што ќе одговара и Вучиќ и Мицкоски.
Падна Орбан. Падна Вучиќ. Следен е Мицкоски. Студентите победија. Народот ќе победи и тука.