Соопштение на СДСМ:
Дека има план за примање мигранти во Македонија не откриваат само британските и светските медиуми, тоа се чита и од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното однесување во последните две недели.
1. Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ја потпишат Резолуцијата. Само со една одлука на Собранието граѓаните може да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. Но ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува. Едноставно е, ако нема скриена агенда за мигрантите, досега Резолуцијата ќе беше потпишана.
2. Изјавата на Мицкоски дека до пролет нема да има мигранти. Зошто само до пролет, а после? Значи мигранти до пролет не ама може во јуни, после избори.
3. Изјавата на премиерот Мицкоски дека нема да има „нелегални мигранти“. Нормално затоа што овие што ги планираат ќе бидат „легални“, вклучени во пазарот на трудот, сместени во станови.
Одиме понатаму.
4. Изјавата на Мицкоски дека на локално ниво општините треба да носат одлуки одбегнувајќи го Собранието да донесе одлука на централно ниво како највисок државен орган над сите општини. Зошто некој би бегал од одлука во Собрание и би сакал да ја префрли на општините кои немаат соодветна надлежност ако нема скриена намера?
5. Изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти. Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“.
6. Изјавите на Андоновски, дека ниту СДСМ ниту претседателот Филипче не треба да критикуваат за мигранти бидејќи гласале во минатото за прифатни центри за странци. Иако ова е чиста лага на Андоновски го потврдува планот на власта за мигранти преку обиди за дефокусирање од клучното: одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која е целосно решение за проблемот.
Еве ги сите аргументи во неколку точки.
Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата!
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
