Соопштение на СДСМ:

Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Новото поскапување на дизелот неминовно ќе предизвика нов бран поскапувања на храната и основните производи.

Транспортот е директно поврзан со цената на горивата, а земјоделството во голема мера зависи од дизелот. Тоа значи дека ќе растат цените во маркетите, на пазарите, на овошјето, зеленчукот и на сите основни прехранбени производи.

А пота нема да се вратат назад.

Економскиот колапс е пред врата.

Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо за да го ублажи ударот врз граѓаните.

Без разлика дали тоа е резултат на неспособност или на целосна незаинтересираност, последиците ги плаќаат работниците, пензионерите, земјоделците и сите семејства.

Владата нема слух ниту за работниците. И покрај барањата на синдикатите, не само што нема договор за зголемување на минималната плата на 600 евра, туку Владата одби и воопшто да разговара.

Дополнително, веќе две и пол години нема зголемување на ниту едно социјално право. Без покачување останаа надоместоците за лицата со попреченост, гарантираната минимална помош за најранливите граѓани, како и социјалната пензија за старите лица на кои тоа им е единствениот приход.

Последиците од погрешните политики се видливи секој ден. Синдикалната потрошувачка кошничка за две години е поскапена за околу 10.000 денари и веќе надминува 70.000 денари.

Граѓаните со празни џебови и празни фрижидери сè потешко го преживуваат месецот.

Наместо да ја смени економската политика и да воведе мерки за намалување на ценовниот удар, Мицкоски се обидува да ја смени пресметката на трошоците за живот. Наместо решенија, манипулации.

Економијата тоне, буџетот е празен, животниот стандард на граѓаните секој ден се влошува, а Владата на Мицкоски не презема ништо, граѓаните ги остава сами со високите цени/

Затоа што фокусот е на криминални тендери а не на граѓаните.