Новата градска власт на Подгорица (Црна Гора) затекна запрепастувачка ситуација, едно лице десет години било вработено во службата на поранешниот градоначалник, редовно земало плата, но не доаѓало на работа.

Ова за подгоричките медиуми го откри заменик градоначалникот на Подгорица, Данило Шарановиќ.

Никој не знае кој е тој човек, но знае за тој проблем“, рече Сарановиќ.

Потенцира дека филозофијата да се зема плата и да не се заработува е нешто што е проблем за голем број вработени во градската администрација.