Одличен сојузник доколку сакате да имате дополнителна енергија рано наутро е појакото кафе со кокосово масло. Таа нежна маст ќе го забрза метаболизмот, ќе го намали чувството на глад и ќе ви даде „дополнителна брзина“. За вас избравме докажан рецепт.

Според едно истражување, луѓето кои јадат храна со масни киселини за појадок имаат тенденција да ручаат подоцна од оние кои немаат таква навика.

Неопходно е:
– 2,5 dcl стопено кокосово масло

– 2,5 dcl какао

– 3 супени лажици еритритол (природен шеќер алкохол)

Подготовка:
Добро измешајте ги сите состојки за смесата да биде мазна. Оставете го во тегла во фрижидер. Секое утро додајте една лажичка во кафето и мешајте додека не се растопи. Доколку не сакате слатко кафе, тогаш испуштете ја последната состојка од подготовката. Порталот Mindbodygreen ја препорачува оваа смеса која треба да ја додадете во топлото кафе.

Имено, какаото е богато со железо, манган, калиум, фосфор, цинк и селен, има многу антиоксиданси, повеќе од повеќето други намирници. Кокосовото масло го намалува несаканото дејство на кафето, а комбинацијата од кокосово масло и кофеин ги намалува драматичните подеми и падови на енергијата. Масните киселини во кокосовото масло го намалуваат апетитот и чувството на глад.