Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во Северна Македонија, Ивета Хрицова.
На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и континуираната поддршка од Словачка за европската интеграција на Северна Македонија. Министерот Сали изрази благодарност за досегашната поддршка, вклучително и во рамки на европските механизми за солидарност и справување со кризни ситуации.
Посебен акцент беше ставен на Реформската агенда (2024–2027), како клучна рамка за спроведување на реформите и искористување на можностите од Планот за раст на ЕУ.
Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на развојната соработка, особено во рамки на SlovakAid програмата, како и за користење на инструментите како Twinning и TAIEX, кои се од значење за зајакнување на административните капацитети.
Во фокусот на разговорите беше и размената на искуства во управување со ЕУ фондови, имајќи ја предвид експертизата на Словачка во оваа област.
Сали нагласи дека Министерството за европски прашања останува посветено на координација на реформите и обезбедување на поефикасна имплементација, со јасен фокус на резултати за граѓаните.
фото: Кабинет на министерот за европски прашања
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
