Руската тајна служба тврди дека четворицата уапсени терористи од масакрот во салата во Москва се обидувале да преминат во Украина.

– По терористичкиот напад, криминалците имале намера да ја преминат границата меѓу Руската Федерација и Украина и имале релевантни контакти на украинската страна – велат од ФСБ, пренесуваат руските медиуми.

Руските истражители во одвоено соопштение известија дека четири лица се уапсени во близина на границата со Украина во областа Брјанск.

Украина силно негираше каква било вмешаност во нападот.