Во текот на изминатите неколку дена, повеќе момчиња со повреди на тестисите билеримени во Болничкиот центар во Осиек, а според некои неофицијални извештаи, повредите се предизвикани од играње предизвици на Тик Ток.

– Можам само да кажам дека деновиве имаме повеќе случаи на торзија на тестисите кај децата. Торзијата на тестисот резултира со прекин на циркулацијата и трајно влошување на тестисот. Во најтешкиот случај резултатот од лекувањето е отстранување на таков тестис – изјави за Глас Славоније д-р Далибор Дивковиќ, директор на Институтот за детска хирургија на КБЦ.

Иако нема официјална потврда и децата не сакаат да признаат, момчињата наводно се здобиле со повреди додека го играле „Hit Him in the Balls Challenge“ на Тик Ток, пишува овој портал.

Доктор Далибор Дивковиќ вели дека таквата претпоставка не може со сигурност да се потврди бидејќи младите не ја потврдиле. Сигурно е и дека не станувало збор за траума. Односно, торзијата на тестисите не настанала, на пример, од удар.

– Од петте тинејџери кои беа примени на нашата клиника, двајца пристигнаа навреме и проблемот е решен, додека тројца се уште се лекуваат бидејќи предоцна побарале лекарска помош. Често децата кријат дека имаат проблем, особено кога станува збор за тестисите, а потоа поминува премногу време пред да започне лекувањето – објаснува тој. Тој додава дека во најтешките случаи неминовно е отстранувањето на тестисите.

За жал, вели докторот, мобилните телефони кои ги држат во раце цел ден им овозможуваат на децата пристап до разни содржини кои несомнено не само што не се за нив, туку можат да бидат штетни за нивното физичко, а особено ментално здравје.

Инаку, торзијата на тестисите предизвикува голема болка, гадење и повраќање, проследено со оток, па дури и зголемена телесна температура.

Иако торзијата на тестисите може да се појави спонтано, таа се јавува и по повреда. Лекарите нагласуваат дека најважно е веднаш да се пријави во болница.

Британските медиуми уште во 2019 година пишуваа дека 12-годишно момче за малку ќе ги загубило тестисите поради предизвикот наречен „Bangcock“.

Во училиштата момчињата прашуваа „кој е главен град на Тајланд“, а кога момчето ќе одговори дека тоа е Бангкок, што може да звучи како „бангкок“, добивал удар во машкиот генитален орган. Мајката на 12-годишното момче потоа ги предупреди родителите и децата да ги разберат последиците од ваквите предизвици.