„Резолуцијата од Бундестагот несомено е голема поддршка кон посебноста и важноста на македонскиот културен идентитет. Но, оваа резолуција исто така е поддршка и афирмација за членството на РСМ во ЕУ, т.е. претставува германска резолутна поддршка за нашето асоцирање и условот од преговарачката рамка за уставните измени и реформските пакети“- коментира професорката Ана Чупевска за Трн.

„Со други зборови, најмоќната држава членка на ЕУ, со овој невообичаен гест изразува силна заложба за нашата европерспектива и во духот на преговарачката рамка , а особено испраќа порака до Политичките сили за одговоностите кои се преземаа апропос нашите евроинтеграции.
После оваа, гаранција , заедно со документот од ЕП кој декларираше гаранции за наше членство во ЕУ до 2030год, мислам дека нема простор за било каков сомнеж дека имаме убава иднина – штом го исполниме минимумот од Преговарачката Рамка и отпочне Втората Меѓувладина Конференција“- дополнува Чупевска.

Инаку, Бундестагот јасно и гласно застана на страната на Македонија на патот кон ЕУ, со порака Бугарија да не поставува нови услови за нашето членство.

„Северна Македонија е мултиетнички модел. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство. Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи”, пишува во резолуцијата.

Ана Чупевска за Трн.мк