Бројот на загинатите во нападот на украинските сили врз рускиот град Белгород се зголеми на 18, а ранети се 111 лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради украинските воздушни напади врз градот Белгород во близина на границата со Украина. Средбата ќе се одржи вечерва.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на Белгород бил извршен со ракети „Оља“ со забранета касетна муниција, како и со повеќецевни ракетни фрлачи „Вампир“ од чешко производство.