СВР Струмица поднесе кривична пријава против 65-годишен жител на село Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Настанот се случил на 27 ноември 2025 година во село Банско, кога пријавениот пукал од воздушна пушка и погодил еден малолетник.