Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, изнесува 112.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (19.1 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.6 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16.7 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2024 година, изнесува 40.961 денари.