СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.11.2021 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле пиштол „чешка зброевка“ со калибар 7,65мм и седум куршуми.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(41) од с.Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, ,држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2021 во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како продава пиротехнички средства во импровизирана тезга, по што бил извршен преглед кај него и биле пронајдени повеќе парчиња пиротехнички средства.