„Ако платата на професор во периодот на 2017 година била околу 22.000 денари, со последното покачување согласно Колективниот договор кој го постигна Сојузот на синдикатите заедно со Владата, платата достигнува и околу 40.000 денари доколку на сумата се додаде процент за минат труд и доколку наставникот е класен раководител. За првпат по речиси 20 години ние треба да добиеме и регрес за годишен одмор“ , вели за Градска.мк, професорката Петра Лукароска од средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп.
Таа додаде дека е потребно уште да се работи и на зголемување на платите, но и на подобра организација, за да се врати целосното достоинство на професијата наставник во државата, но дека засега образовниот сектор има далеку подобри услови од периодот пред 5-6 години.
„Со септемвриското покачување на платите навистина пополека и ние професорите во средните, но и наставниците во основните училишта, доаѓаме до некои плати кои може да ги наречеме дека се заслужени бидејќи во периодот до 2017 година добиваме линерани зголемувања од по 500 денари, заклучи професорката Петра Лукароска.