На 05.11.2026 во 00:15 часот во с. Градец, Општина Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 32-годишник од с. Врапчиште.

При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, кое тој го управувал, при што се однесувал агресивно и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица, а по извршениот алкотест кај него биле измерени 0,76 промили алкохол во крвта. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.