На 29.09.2024 во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода лице од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба. Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.

Осомничениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.