-На 16.11.2024 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото, соопшти МВР.

Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава