-На 24.01.2025 во 23.10 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје. Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.