Службата за следење на климатските промени на ЕУ, Коперник, во вторникот објави дека март 2024 година бил најтоплиот март досега.

Ова, како што велат, ја продолжи 10-месечната серија во која секој последователен месец поставува нов температурен рекорд, додека температурата на површината на морето исто така достигна нов апсолутен месечен рекорд за глобалната температура на морињата.

Секој од последните десет месеци е рангиран како најтопол некогаш забележан во светот во споредба со соодветниот месец во претходните години, според Месечниот билтен на Коперник.
Така, не само десеттиот последователен месец го собори сопствениот топлотен рекорд, туку и „глобалната просечна температура во последните 12 месеци е највисока досега забележана“ и го надминува прединдустрискиот просек за 1,58 степени Целзиусови поради децениските емисиите на штетни гасови, кои се појавуваат од средината на 2023 година, особено нагласени од феноменот Ел Нињо, изјави Саманта Баргес, заменик-шеф на Службата за климатски промени Коперник.

„Тоа е долгорочен тренд со јасни записи за кои сме многу загрижени“, рече таа, додавајќи дека следењето и „проучувањето на ваквите записи месец по месец навистина ни покажува дека нашата клима многу брзо се менува“.

Сетот на податоци на Коперник датира од 1940 година, а научниците го споредија со други релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец беше најтоплиот март од прединдустриското време.

2023 година веќе беше најтоплата година на планетата според светските рекорди кои постојат од 1850 година.

Пустош
Екстремните временски услови и високите температури направија хаос на глобално ниво оваа година. Сушата предизвикана од климатските промени во дождовните шуми на Амазон помеѓу јануари и март поттикна рекорден број шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе да се соочат со глад.

Рекордно затоплување на површината на морето
Барџис истакна дека податоците за морињата и океаните „не се помалку шокантни“, бидејќи новиот глобален рекорд на температурата на површината на океаните поставен во февруари беше повторно надминат во март.

Океаните покриваат 70 отсто од планетата и ја одржуваат површината на Земјата погодна за живеење, апсорбирајќи 90 отсто од вишокот топлина произведена од загадувањето со јаглерод диоксид што произлегува од човековата активност од почетокот на индустриската ера.

Научниците минатиот месец предупредија дека затоплувањето на океаните на јужната хемисфера ќе доведе до масовно избелување на коралите и дека тоа би можело да биде најопасното во историјата на планетата.

Потоплите океани значат повеќе влага во атмосферата, а научниците велат дека воздухот може да задржи околу седум проценти повеќе водена пареа за секој степен Целзиусов покачување на температурата. Ова резултира со сè понепредвидливи временски услови, како што се жестоки ветрови и обилни дождови.

„Знаеме дека периодот во кој живееме сега веројатно ќе биде најтоплиот во последните 100.000 години“, рече Баргес.