Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, утре – 4 ноември, понеделник, ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.

Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк.