На 12.03.2025 во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане лишиле од слобода 19 годишно лице.

При претрес во неговиот дом во с.Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.