На 05.07.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.Ј.(26) од Кочани, затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и пари.

По целосно расчистување на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

извор: Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи