На 01.11.2026 во 00:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода лице (48) од Гостивар затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде подонесена соодветна пријава.