На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Видое Смилевски-Бато” со ул.„Љубо Божиноски-Пиш“ во Тетово, патничко возило „бмв“ удрило во пешакот А.Б.(45) од Тетово, по што го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.