Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања, напиша градоначлникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Главната цел на оваа иницијатива е подобрување на финансиската состојба на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон поддршка на најранливите категории граѓани, напиша Јорданов.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
