Познато е кога ќе биде исплатена мартовската пензија која ќе биде покачена линеарно за 2.500 денари.

Согласно законот истата се исплаќа на првиот ден од наредниот месец, па така овој пат се паѓа во вторник на 1.ви април. 2025.

Да потсетиме дека пензионерите и во септември лани добија зголемена пензија за 2.500 денари/линеарно.

Според она што засега се знае следното покачување би било во септември и најверојатно би било според системски параметри.