Пензиите за март кои ќе бидат покачени за илјада денари линеарно за сите пензионери треба да бидат исплатени на 1-ви април во среда.

Некои од националните банки, пензиите ги исплаќаат и предвреме, па така одредени пензионери ќе ги добијат парите пред законскиот рок.

Мартовската пензија е покачена за 1000 денари линеарно, а исто вакво покачување имаше и минатиот септември.