Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре ќе започне четиридневна посета на Западен Балкан, каде ќе се сретне со лидерите на Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора. Ова ќе биде повод да се разговара за напредокот на нашите партнери од Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од 6 милијарди евра.

Во четврток, по посетата на Тирана, претседателката ќе допатува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Претседателката Фон дер Лајен и премиерот Мицкоски ќе одржат прес-конференција во владиниот медиумски центар, која ќе се емитува и на EbS.
За време на прес-конференцијата претседателката и премиерот ќе имаат свои обраќања и ќе одговараат на новинарски прашања во формат 2+2.

Подоцна во текот на денот, претседателката Фон дер Лајен ќе го продолжи патувањето во Босна и Херцеговина.

Овогодинешната посета на Западен Балкан доаѓа во време кога проширувањето е на врвот на агендата на ЕУ, што беше потврдено од претседателката Фон дер Лајен во неколку наврати, вклучително и неодамна на Самитот на Берлинскиот процес и на Бледскиот стратешки форум.