На 29.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишија од слобода тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои откако на 28.09.2026 со четирицикли (заедно со други четворица полски државјани кои веднаш беа лишени од слобода) оштетиле влезна врата од објект- воени магацини во место викано „Еребино“, по што се дале во бегство.
По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.