СВР Куманово поднесе кривична пријава против 25-годишна жителка на Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 06.07.2025 полициски службеници извршиле преглед над пријавената, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и други предмети.