На 27.12.2025 во 07:40 часот во Полициската станица Струга, А.А.(1986) од с.Боровец, струшко, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.А.(17), која и претходно се оддалечувала и била враќана.

Според пријавеното, таа се сомнева дека заминала кај лицето М.С.(20) во Кавадарци со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.