СВР Штип поднесе кривична пријава против лице (27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 11.01.2026, пријавениот без знаење, согласност и дозвола на оштетената прибавил и употребил банкарска картичка, при што направил две неуспешни и три успешни трансакции на две продажни места во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.