Во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 96 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас…