Светските цени на суровата нафта продолжија да паѓаат по намалувањето на воените тензии меѓу САД и Иран. Во еден момент Брентот загубил повеќе од девет проценти и се спуштил под 88 долари за барел, откако претходната недела надминувал 100 долари.
Пазарот реагира на тридневната пауза во нападите и обновените обиди за преговори. Сепак, снабдувањето останува чувствително бидејќи низ Ормускиот Проток минува значителен дел од светската нафта и течен природен гас.
Пониската берзанска цена не значи автоматско и моментално поевтинување на горивата во Македонија. Домашните цени зависат и од референтниот период, курсот на доларот, даноците и одлуките на РКЕ.