До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.
Прогноза за 13.06.2024
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 38°C
Сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=8
Прогноза за 14.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. UV=7
Прогноза за 15.06.2024
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=7