Во следните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер, а во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 22.06.2024
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. УВ=9

Прогноза за 23.06.2024
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 24.06.2024
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 38°C

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. УВ=9