Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница.
Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Северна Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава.
Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни.