Добитникот на Греми Шелдон Харник почина на 99-годишна возраст. Тој почина во својот дом во Њујорк, изјави неговиот портпарол Шон Кац. Музичкиот уметник беше најпознат по мјузиклот „Fiddler On The Roof“.

„Fiddler On The Roof“ беше прикажан во 1964 година и е едно од многуте дела произведени од соработката на Шелдон Харник и Џери Бок. По седум години беше прикажан истоимениот филм.

Ова дело произведе бројни хитови, меѓу кои Matchmaker, Matchmaker, Sunrise, Sunset, Do You Love Me? и најпознатата песна Were a Rich Man.

Името на Шелдон Хенрик стои зад голем број мјузикли на Бродвеј. Работеше и на реализација на Фиорело! од 1959 година и на „She Loves Me“ од 1963 година.