Музичарот на популарниот бенд „The Beach Boys“ Џефри Фоскет почина на 67-годишна возраст.

Популарниот музичар Џефри Фоскет почина по битка со рак на тироидната жлезда.

Веста за смртта на Џефри Фоскет ја потврди основачот на бендот Брајан Вислон.

„Срцето ме скрши поради смртта на мојот драг пријател Џефри Фоскет. Џеф секогаш беше тука за мене кога одевме на турнеја и без него немаше да успееме. Тој беше еден од најталентираните момци што ги познавав. Тој беше одличен музички лидер и гитарист и знаеше дека пее како ангел. Го запознав во 1976 година кога тропна на мојата врата во Бел Ер и го поканив внатре и оттогаш сме пријатели. Не знам што друго да кажам. Љубов кон неговото семејство и пријателите, тој ќе биде запаметен засекогаш“.