Американскиот рапер Биг Поки почина откако колабирал на сцената за време на концерт во Тексас.

Уметникот, чие вистинско име беше Милтон Пауел, настапи на клупски настан во саботата. Во еден момент обожавателите го видоа како паѓа наназад, пишува Би-Би-Си.

Некои од присутните побрзале да му пружат прва помош на 48-годишниот рапер, пред да биде пренесен во болница, каде што починал неколку часа подоцна.

„Беше многу сакан од семејството, пријателите и верните фанови“, рече неговиот менаџер во изјава за медиумите.

Пауел беше и основач на Screwed Up Click, голема хип-хоп група во Хјустон. Тој беше и зачетник на жанровски музички проекти кои стекнаа голема популарност.