Италијанскиот актер Пјетро Џенуарди почина на 62-годишна возраст.
Познатиот италијански актер Пјетро Џенуарди почина на 14 март на 62-годишна возраст.
Веста ја потврди неговата сопруга Линда Асиерто.
Актерот долго време боледувал од леукемија, а починал во болницата Policlinico Umberto I во Рим.
Самиот актер минатиот октомври откри дека е тешко болен. Поради болест, тој мораше да го напушти снимањето на серијата „Il Paradiso delle Signore“ на Rai1, каде го играше ликот на магационерот Армандо.
Неговата сопруга Линда Асиерто трогателно се прости од него.
“Засекогаш надвор од границите на душата. Ќе бидеш мојата насмевка, моето сонце, мојата голема љубов. Ти кажав дека те сакам секој ден од мојот живот и ќе продолжам да го правам тоа…бидејќи љубовта никогаш не умира во мојот живот. Држи ме цврсто и ајде да чекориме заедно.”
Пјетро Џенуарди е роден на 26 мај 1962 година во Милано. Тој беше актер и писател, најпознат по филмовите „На смртта на љубовта“ (1994) и „Крокодил убиец“ (1989).