Пишува: Зоран Иванов
ЗОРАН ИВАНОВ
Еве, на дланка му е првата шанса на новиот шеф обвинител да прочепка по конкурсот за авио контролори. Може и тој, можат и другите од редовните обвинителства.
Ако барем приближно се точни гласините и тврдењата на синдикатот на агенцијата задолжена за безбедност во авио сообраќајот и воопшто во воздухопловството на нашето небо, тогаш ние и како држава и како систем сме пак во длабок европаки аут.
Џабе ќе се се и скрининг и уставни пеомени и почеток на еу преговори и Евеопа доколку некои од нашите од моќ опиени политички експонати не разберат дека насекаде, но посебно во воздухопловството, нема место за странични влијанија, непотизми, кронизми и секакви други корупции.
Затоа, процесот на конкурсот за нови млади контролори на македонскиот воздушен сообраќај, под итно, веднаш, уште вчера прво да се стави под лупа на домашните надлежни институции, до контролните, пред се, какви што се владата, инспекциите, обвинителствата, зашто е очигледно, а и не е за првпат, дека надлежните во оваа воздухопловна институција се неотпорни на политички, на моќни партиски притисоци.
Акција што побргу, уште денеска додека во целава афера не се замеша бриселски Евроконтрол, меѓународната европска централа надлежна и одговорна и за нашеата контрола на летање и за македонското небо.
Атрактивната професија каква што е контрола на летање е атракривна по европските плати но европските плати подразбираат и европска стручност и европска одговорност.
Патем, светската црна воздухопловна статистика силно нагласува дека во над деведесет проценти од воздухопловните несреќи причината не се машините, не се авионите туку се тие последица на човечка грешка па вие, моќни, и натаму бркајте врски за вашите деца па после е авиони паѓале.
Е паѓаат!