Утре во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на свечено поставување на камен – темелник на македонско – грчкиот граничен премин „Маркова Нога“ во Општина Ресен кај селото Долно Дупени.

Проектот опфаќа изградба на административна зграда за Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети, а се очекува реализацијата да заврши за 16 месеци.

Проектите од програмата „ЕУ за Преспа“ се финансирани од Европската унија и реализирани од УНДП во партнерство со националните и локалните партнери.

Инаку отворањето на граничниот премин Маркова Нога е дел од Преспанскиот договор кој се потпиша во грчко Нивици,а беше оддржана свечена церемонија и во Отешево.