До работа како стујардеса не е лесно да се дојде, а оваа професија е една од подобро платените работи, ако се достигне врвот во таа професија. Во Емиратите опсегот на наградување за извршување на оваа работа се движи од 3.000 до дури 4.000 евра.

Како што е наведено во едно видео на TikTok, платата на стјуардесата се состои од неколку делови. Првиот дел е основната плата која е од 1.000 до 1.300 евра, а се зависи од фирмата и од позицијата на која работите.

Заработката се зголемува кога ќе се надградите од економска во бизнис класа, како и од бизнис класа во прва.

На основната плата која е од 1.000 до 1.500 евра се додаваат часовите на летање, а потоа имате џепарлак за престој на некоја од дестинациите.

Висината на платата најмногу зависи од часовите на летање, кои варираат секој месец. Она на што може да сметате по неколку години работа кога ќе стигнете до повисоки позиции е дека платата е значително повисока и изнесува од 3.000 до 4.000 евра.