ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 26-годишен маж од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. На 31.10.2026 година во 01:35 часот на булевар „Ослободување“ во Кичево, пријавениот беше лишен од слобода затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, при што кај него се пронајдени и одземени малокалибарски пиштол калибар 22 мм и 31 куршум, кои нелегално ги поседувал. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени една опаковка со кокаин и неколку други опаковки со остатоци од кокаин.