СВР Скопје поднесе кривична пријава против едно (54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, три лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против друго лице (71) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 25.10.2025 во село Средно Коњари, скопско, пријавените физички нападнале жител на селото и негов малолетен внук, при што употребиле и тврд предмет, додека првопријавениот репетирал пиштол кон него .