СВР Штип поднесе кривична пријава против жена (68) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, извести МВР.

На 17.11.2025 пријавената неовластено навлегла во електронскиот систем на трансакциска сметка на лице од Турција, при што подоцна извршила шест трансакции на различни локации во Штип, стекнувајќи се со противправна имотна корист.